Како Ким Јонг Ун го прославил лансирањето на ракетата која може да ја збрише цела Америка од лицето на земјата

Точка

02/12/2017

17:21

8.597

Големина на фонт

а а а

"Го славиме успешното лансирање на "Hwasong-15", кое ја покажа силата и моќта на Северна Кореја пред остатокот на светот", можело да се прочита на еден од транспарентите.

Северна Кореја вчера го прославила најновото лансирање на интерконтиненталната ракета, со огномет и кореографии на јавните плоштади, известил денес официјален севернокорејски медиум. 

Дневникот на Работничката партија, "Родонг Синмун" на насловната страна објавил фотографија од плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг, украсен со портрети од некогашни државни лидери и преполн со граѓани и војници.

"Го славиме успешното лансирање на "Hwasong-15", кое ја покажа силата и моќта на Северна Кореја пред остатокот на светот", можело да се прочита на еден од транспарентите.

Северна Кореја објавила во средата дека ја остварила својата цел - да стане нуклеарна сила, откако успешно тестирала нова интерконтинентална ракета која го ставила "целиот американски континент" во нејзин дострел.

По лансирањето, САД ги повикале сите земји, посебно Кина, да ги прекинат дипломатските и трговските односи со Северна Кореја.