Интерконтиненталната балистичка ракета која што Северна Кореја ја лансираше во средата е далеку поголема и помоќна од претходните верзии, сметаат аналитичарите.
„Тоа е чудовиште“, вели Випин Наранг, професор на познатиот „МИТ“ Универзитет од Масачусетс, инаку експерт за нуклеарние капацитети на Северна Кореја. Тој смета дека ракетата може лесно да понесе термонуклеарно оружје.
Ракетниот експерт Дејвид Рајт истакнува дека „ѓаволот е во деталите“ кои што го опкружуваат ракетните мотори и тежината на боевата глава која што ракетата ја носи. И тој верува дека ракетата ѝ овозможува на Северна Кореја да ја погоди територијата на САД со нуклеарни боеви глави: „Мислам дека во овој момент тие го можат тоа“.
Новиот проектил беше лансиран во средата наутро. Ракетата летала 53 минути и прелетала 4 илјади километри пред да падне во Јапонското море. После лансирањето, севернокорејските медиуми објавиле дека е успешно тестирана ракетата наречена "Hwasong-15".
Ракетниот експерт Рајт смета дека "Hwasong-15" би можела да долета дури 13 илјади километри. Дури и според неговата највнимателна проценка, ракетата би можела да ги погоди градовите долж американскиот Западен брег.
Маркус Шилер, инжинер за воздухопловство од германската компанија "ST Analytics" смета дека „очигледно“ било дека оваа ракета е нешто сосема ново.
„Освен тоа што се чини дека е значително поголема од претходните, ракетата "Hwasong-15" се чини дека е опремена и со помоќни мотори“, изјави Шилер додавајќи дека Севернокорејците „очигледно научиле како да ги користат потисните комори на дното од моторите“.
Новата ракета на Северна Кореја имала доволна големина за дури и да може да носи помали ракети кои што би можеле да ја измамат американската противракетна одбрана. Професорот Наранг дури и тврди дека новата севернокорејска ракета би можела да долета на источниот брег од САД.