Тунтев: Шесте пратеници нема од што да се плашат ако се невини

Макфакс

01/12/2017

13:25

632

Големина на фонт

а а а

На седницата за одземање на имунитетот на шесте пратеници дел од крвавите инциденти во Собранието на РМ на 27 април пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, од говорницата рече дека ова е момент кога ќе се види дали ќе има привилигирани и непривилигирани лица пред судската власт.

„Беше загрозен животот на пратеници и медиумски работници. Тој ден мора да биде расчистен за да можеме оваа темна дамка да ја избришеме. Тоа му го должиме на владеењето на правото, но и на Собранието. За нас не беше лесно да донесеме конечна одлука. Македонското Собрание никогаш не дозволило попречување судски одлуки, така не треба и сега. Верувам дека за сите нас изборот е јасен, не е едноставен, но експлицитен, а тоа е со оглед на нашата определба за владеење на правото. Нашата должност е Собранието да застане на враќање на правната држава. Затоа сум уверен дека и пратениците на кои се однесува оваа одлука ќе разберат дека ова Собрание мора да донесе ваква одлука“, рече Тунтев.

Според него, иниституциите имаат должност да го расчистат случајот, а ако шесте пратеници се убедени во својата невиност, нема од што да се плашат.