Северна Кореја објавила снимка од лансирањето на нивната најмоќна ракета досега!

Точка

30/11/2017

19:01

2.787

Големина на фонт

а а а

На пробното лансирање на новата ракета присуствувал и самиот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Северна Кореја објавија снимка од тестирањето на ракетата "Hwasong 15", која има значително поголема предност во тактичките и технолошките спецификации и техничките карактеристики отколку балистичкиот проектил "Hwasong 14", кој бил два пати тестиран во јули оваа година. 

Новата ракета на Ким Јонг Ун може да погоди било кој американски град. 

"Ако се денешните бројки точни, во случај овој проектил да бил лансиран на стандардна траекторија, наместо на вака стрмна, би можел да има дострел поголем од 13.000 километри", рекла загрижено една научничка од САД. Тоа конкретно значи дека проектилот во теорија би можел да дојде до било кој дел на САД, вклучувајќи ги и Њујорк и Вашингтон. 

На пробното лансирање на новата ракета присуствувал и Ким Јонг Ун. 

Јапонската влада проценила дека ракетата летала околу 50 минути и паднала во морето во јапонската ексклузивна економска зона, пренесува Reuters, повикувајќи се на јапонски NHK

Јужнокорејски командант рекол дека ракетата била лансирана во средата во 3:17 часот по локално време од Пјонгсонг, град во Јужен Пјонгјан.