Јордан Ристевски осуден на условна казна за насилството во Општина Центар

Макфакс

30/11/2017

14:24

1.449

Големина на фонт

а а а

Јордан Ристевски, кој вчера призна вина за насилството во Општина Центар, е осуден на условна казна затвор од 6 месеци која ќе се изврши ако во следните две години стори друго кривично дело.

Оштетата што ја бараат оштетените во граѓанска постапка ќе ја бараат од него и солидарно од другите обвинети.

Ова е втора пресуда за насилството во Општина Центар по признанието на вина од страна на обвинетиот Томислав Лазаров, кој беше осуден на иста казна како Ристевски.

Обвинетиот и Специјалното јавно обвинителство рекоа дека нема да се жалат на пресудата.

За насилството во Центар обвинети се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште неколкумина советници од ВМРО-ДПМНЕ, кои на минатото рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни.