Пресуда за вториот обвинет кој призна дека вршел насилство пред Општина Центар

Макфакс

30/11/2017

09:54

1.254

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд денеска треба да му ја изрече пресудата на обвинетиот Јордан Ристевски за насилствата во Општина Центар, кој вчера, во издвоена постапка, ја призна вината.

Ристевски одлучи да се застапува сам, без помош од адвокат. „По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење“, рече Ристевски вчера во судницата. Претходно и Томислав Лазаров призна вина и беше осуден условно.