Заев го оцени одговорот на БПЦ како исклучително позитивен

Макфакс

27/11/2017

16:35

1.489

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев го оцени како исклучително позитивен одговорот на БПЦ дека нејзина света должност е да ѝ биде црква-мајка на МПЦ.

Заев, кој учествува на самитот 16+1 за соработка на НР Кина, што се одржува во Будимпешта, запрашан за коментар за одговорот на Бугарската православна црква на писмото на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, рече дека како исклучително позитивна ја оценува подготвеноста на БПЦ да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.