Патријархот Иринеј вели дека пресудата на Хашкиот трибунал за Ратко Младиќ е дело на ѓаволот и дека не е првпат да се направи само Србите да се виновни за сè, а другите остануваат невини.
„Уште еден Србин е осуден во Хаг. Знаевме дека Ратко Младиќ ќе биде осуден и жалиме што ништо не можеме да направиме“, рече Иринеј.
Тоа се случува бидејќи силните светски моќници прават ѓаволски дела, а ние ги трпиме последиците, истакна поглаварот на Српската православна црква.
Хашкиот трибунал првостепено го осуди Ратко Младиќ на доживотна казна затвор поради геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото над муслиманите и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина.