Шешељ предлага формирање институт што ќе ја проучува судската пракса на Хаг

Макфакс

23/11/2017

23:23

494

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, предложи да биде формиран Институт за проучување на судската пракса на Хашкиот трибунал.

Шешељ пред новинарите во Собранието на Србија изјави дека Србија мора да даде квалитетен и стручен одговор на сето она што се случувало во Хашкиот трибунал и дека не се доволни само политички фрази.

„Лесно е да му упатуваме на Хаг политички аргументи, но важно е тоа да биде поткрепено и со правни аргументи. Ни тоа не е тешко, само потребна е волја и ангажман на квалитетен кадар“, изјави Шешељ.

Тој смета дека Владата на Србија, особено Министерството за правда не смеат пасивно да реагираат на пресудата што му беше изречена на Ратко Младиќ.

„Она што е сега во интерес на Хашкиот трибунал е Ратко Младиќ што побрзо да умре. Ним не им одговара второстепена постапка која можеби нема да се заврши ни за две до три години“, оцени Шешељ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг