Во Струмица прва меѓувладина седница на Бугарија и Македонија

Макфакс

23/11/2017

09:41

608

Големина на фонт

а а а

Во Домот на АРМ во Струмица, Македонија и Бугарија денеска ќе ја одржат првата меѓу-владината седница. Со седницата ќе заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, а ќе бидат потпишани и неколку договори и меморандуми.

Ќе се разговара за напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и за други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји. Ќе се разгледуваат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката.

Претставниците на двете влади ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а бугарската влада ќе има и донација за општина Струмица.

Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија. Договорена е и заедничка седница на македонската Влада со Владата на Република Србија, кон крајот на февруари или почетокот на март идната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг