Борис Џонсон за Младиќ: Не може да се побегне од правдата

Макфакс

23/11/2017

00:35

561

Големина на фонт

а а а

Британскиот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, изјави дека пресудата за Ратко Младиќ покажува дека сторителите на ужасни злосторства не можат да побегнат од правдата.

Тој рече дека пресудата на Хашкиот трибунал нема да врати илјадници кои ги загубија животите, но дека демонстрира дека архитектите на тие злосторства ќе бидат одговорни за стореното.

Џонсон истакна дека злосторствата направени во балканските војни во 90-тите години го обележале еден од најмрачните периоди во Европа и дека мора да се обезбеди такво нешто повеќе да не се повтори.

Првостепениот судски совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди Младиќ на доживотна казна затвор за геноцид во Сребреница и за злосторства против човештвото во 15 босански општини, кои опфаќаат прогони, истребувања, убиства, депортации и присилни преместувања. Тој е прогласен за виновен по сите точки на обвинението освен за првата, која се однесува на геноцид во шест општини во Босна и Херцеговина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг