Во Хаг треба да биде изречена пресудата за Ратко Младиќ

Нетпрес

22/11/2017

09:31

1.041

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства сторени на територијата на поранепна Југославија во средата ќе му изрече пресуда на поранешниот воен командант на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ.

Седумдесет и тригодишниот Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон, геноцид и други злосторства над Бошњаците и Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, како и за терор врз населението на Сараево со долгогодишното гранатирање и земање припадници на УНПРОФОР за заложници.

Судењето на Младиќ почна во мај 2012 година откако тој кон крајот на мај 2011, по 16 години бекство беше уапсен во Србија и израчан на Хаг.

Во завршниот говор во декември лани обвинителите побараа Младиќ да биде прогласен за виновен и да добие доживотен затвор. Во првото појавување пред Трибуналот, Младиќ одби да се изјасни за вината, а судијата во согласност со правилата, во записникот внесе дека обвинетиот не се чувствува виновен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг