Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Пет заменици на генералниот секретар уште еден непродуктивен трошок на СДСМ

Макфакс

17/11/2017

14:45

1.496

Големина на фонт

а а а

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ именувањето на пет заменици на генералниот секретар на Собранието е уште еден непродуктивен трошок од народните пари.

Изборот на толкав број заменици на генералниот секретар е направен нетраспарентно, со меѓупариски договор за креирање на нови ребони места за коалционите партнери, порачаа пратениците на опозицијата.Тие додаваат дека оваа постапка треба да се стопира и наместо пет да останат двајца заменици на генералниот секретар.

„Ветивте намалување на непродуктивни трошоци и департизација на институции, а вие го правите токму спротивното.Доста ни е веќе од ваашиот вокабулар, доста го одложувавте животот.Тројца заменици се повеќе од доволни.Бараме јавен оглас и јасни критериуми за извор. Бараме да се стопира оваа постапка со која секоја партија од оваа кревко мнозинство ќе да си вдоми по еден замеиник на функција“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Нола Смајловска-Исмајловска Старова.

Пратениците на СДСМ пак сметаат дека е опрвадан изборот на пет заменици, затоа што се утрдило дека се зголемил обемот на работа на генерланиот секретар.

„Зборувате дека пет на заменици на генралниот секретар е многу, тогаш да ве прашам дали е во ред формирањето на дест пратенички групи, со десет координатори, а да не го заборавиме и коордиаторот над коордианторите.

Се загриживте дека ќе се правеле трошоци, а не бевте загрижени кога вашите координатори бараа по дест паузии и ја кочеа работата на собранието во недиглед, рече пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска-Митевска.

По завршувањето на расправата предлог одлуката , Собранието го разгледа и поднесениот амандман од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија и Зоран Илиоски, но не се изјасни по него, затоа што претседателот Талат Џафери утврди дека нема услови за гласање, односно немаше 61 пратеник во салата.По него и по одлуката за именување на заменици на генералниот секретар пратенците ќе сегласаат на седницата на 24 ноември.