Богоев: Нема да дозволиме Бардовци да е отсечено од урбаното јадро

Макфакс

08/10/2017

13:47

2.107

Големина на фонт

а а а

Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Карпош посочи дека новата локална власт веднаш ќе започне со решавање на елементарните проблеми во Бардовци, но дека се предвидуваат и други, капитални проекти за оваа населба.

„Целосно ќе ја изградиме градинката во Бардовци и нема да дозволиме најмладите да бидат жртва на лажните предизборни ветувања на Јакимовски. Предвидено е и изградба на спортски центар ‘Лепенец’. Планираме реконструкција на фудбалското игралиште, соблекувалните и трибините. Ќе овозможиме и заживување на фудбалскиот клуб Лепенец и дополнително активирање на младинската школа“, посочи Богоев.

Тој вети дека дворот во училиштето „Аврам Писевски” ќе прерасне во спортско – рекреативна зона со содржини за учениците кои ќе бидат прилагодени за користење и за другите граѓани од овој дел на Карпош.

„Нема да дозволиме Бардовци да е отсечено од урбаното јадро, сите граѓани заслужуваат еднаков третман и овој реон ќе биде убаво место за живеење“, рече Богоев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг