Утре сончево со температура до 26 степени

Макфакс

03/10/2017

23:15

456

Големина на фонт

а а а

Нè очекува сончево време со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 24 степени.

Времето во наредните денови ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. В петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд. В сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот. В недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг