Ефикасно намалување на килограмите: Лимон диета за чистење на организмот и губење на тежината

Точка

03/10/2017

15:31

5.506

Големина на фонт

а а а

Со помош на оваа диета може да изгубите до 10 килограми за само две недели.

Многу професионални нутриционисти тврдат дека лимонот ги содржи сите потребни елементи да ги разбие мастите и поради тоа го олеснува слабеењето. 

Покрај тоа, лимонот содржи лимонска киселина која помага во согорување на маснотиите, го забрзува метаболизмот, а покрај тоа го намалува и апетитот.


Мешавината од сок од лимон и вода би требало да ја консумирате на празен желудник, веднаш по будењето. Оваа количина на течност ќе ви помогне и да го исчистите организмот од токсини.

Сè што треба да направите е да го следите планот во продолжение:

1 ден: сок од еден лимон помешан со 2 децилитри вода

2 ден: сок од 2 лимони помешан со 4 децилитри вода

3 ден: сок од 3 лимони помешан со 6 децилитри вода

4 ден: сок од 4 лимони помешан со 8 децилитри вода

5 ден: сок од 5 лимони помешан со 10 децилитри вода

6 ден: сок од 6 лимони помешан со 12 децилитри вода

7 ден: сок од 3 лимони помешан со 12 децилитри вода (додадете 1 лажичка мед и консумирајте во текот на целиот ден) 


8 ден: сок од 6 лимони помешан со 12 децилитри вода

9 ден: сок од 5 лимони помешан со 10 децилитри вода

10 ден: сок од 4 лимони помешан со 8 децилитри вода

11 ден: сок од 3 лимони помешан со 6 децилитри вода

12 ден: сок од 2 лимони помешан со 4 децилитри вода

13 ден: сок од еден лимон помешан со 2 децилитри вода

14 ден: сок од 3 лимони помешан со 20 децилитри вода (додадете 1 лажичка мед и консумирајте во текот на целиот ден)

Напомена: Оваа диета не се препорачува на лицата со гастроентеролошките проблеми. Исто така, немојте да заборавите да водите сметка за здравата исхрана бидејќи само така оваа диета ќе има ефект.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk