Јанчев: На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае домаќински да го води овој град

Макфакс

01/10/2017

17:42

1.089

Големина на фонт

а а а

Кавадарци заслужува да биде на прво место. На кавадарчани им треба урбана средина која ќе нуди услови за развој и просперитет. На младите им треба простор за создавање и рекреација. Земјоделците имаат потреба од подобар пласман на своите производи и подобри услови, истакна кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

„Во програмата нудиме трајни решенија за клучните проблеми со кои се соочуваат кавадарчаните. Ќе реализираме иновативни и креативни проекти кои ќе бидат од големо значење за кавадарчани. Вашата доверба значи и ваше директно вклучување во сите активности на локалната самоуправа.

Проектите се реални и нудат решенија кои ќе траат. На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае домаќински да го води овој град. Јас и општината ќе бидеме во функција на Вас граѓаните. Да го направиме Кавадарци убаво место за живеење, порача Јанчев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг