Оштетен билборд на Саша Богдановиќ

Макфакс

30/09/2017

23:36

1.554

Големина на фонт

а а а

Од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, велат дека паранојата кај Никола Груевски и ДПМНЕ од изборен пораз сè повеќе се зголемува бидејќи биле свесни за слабата поддршка што ја добиваат од граѓаните и ги уништуваат билбордите на кандидатот за градоначалник на Општина Центар.

„Граѓаните на општина Центар не го забораваат деструктивното однесување на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога се гласаше три круга, кога се гасеа лифтови за гласачите да не можат да излезат на гласање, се носеа ‘човечиња’ од Пустец. Ова не е првпат да се спроведува ваков чин од страна на опозициските активисти кои со вакви мерки се користеа и на претходните изборни процеси, надлежните органи да реагираат и да ги спречат ваквите девијантни појави“, велат од изборниот штаб на Богдановиќ.

Тие додаваат дека доаѓа одговорна локална власт во Општина Центар на чело со Саша Богдановиќ која ќе ги почитува законите и тие ќе важат за сите подеднакво.