Ристески: Прилеп ќе го има првиот економско-енергетски ефикасен пазар по примерот на сите европски центри

Макфакс

30/09/2017

14:29

750

Големина на фонт

а а а

Во периодот од 2005 год па до 2016 година во ЈКП „Пазари“ беа инвестирани 25.000.000 денари, со кои Јавното комунално претпријатие обезбеди современи услови за работа, соопшти кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.

„Пазарот во Прилеп во иднина ќе произведува електрична енергија. Тој ќе биде покриен со фотоволтаични панели кои ќе бидат поставени на површина од 1.000 м2 и ќе произведуваат електрична енеригија од 130 киловати на час. На пазарот му се потребни само 10, што значи со остатокот може да се осветлува целата стара чаршија. Со што во иднина ќе се заштедуваат трошоци за електрична енергија како за пазарот така и за централното градско подрачје.

Реновирање на стари дуќани на потегот околу текстилниот пазар со површина од 200 метри квадратни. Ќе се допокрие и преостанатиот непокриен дел од пазарот во површина од 200 метри квадратни.

Ќе се заменат постојните светилки за осветлување во пазарот со штедливи и поефикасни лед светилки

Посебен дел од пазарот ќе биде наменет за продажба на сертифицирана органска храна. Посебен дел од пазарот ќе биде наменет за продажба на занаетчиско –слаткарски производи. Со електрични возила ќе се врши дотур на стока до тезгите на закупците и дуќаните во центарот на градот, како и реновирање на просториите на Управната зграда на ЈКП ,,Пазари“ –Прилеп.

Прилеп го има еден од најуредените и најубави пазари во Македонија. Со сите овие нови проекти во наредните 4 години Прилеп ќе го има првиот економско-енергетски ефикасен пазар по примерот на сите европски центри.

Гласајте за број 13, гласајте за Прилеп да продолжи да биде трговски центар во југо-западниот дел на Македонија, порача Ристески.