Колони од трактори со каталонско знаме се собираат во градовите на таа шпанска покраина во знак на поддршка на референдумот за независност на Каталонија.
Референдумот е закажан за 1. октомври, а неговото одржување сака да го спречи шпанската влада. Оние кои ја поддржуваат независноста ја поздравиле колоната со возила, наречена Тракторада, која влегла во Барселона. Протестите ги организирал најголемиот каталонски синдикат на земјоделци, Унио де Пегесос, кој наведува дека целта на тие протести е борба за демократија и слобода.
Борците на за независна Каталонија "окупирале" неколку училишта во Барселона, кои се одредени да бидат гласачки места на спорниот референдум за независност на таа шпанска покраина.
Hundreds of peasants with tractors enter in Barcelona to defend the polling stations now. pic.twitter.com/wR6MQcD70E
— Help Catalonia 🎗 (@CataloniaHelp2) September 29, 2017
Повеќе од 2.300 гласачки места биле подготвени за референдумот за независност во Каталонија, кој ќе се одржи во недела, соопштила претходно регионалната влада на Каталонија. Портпаролот на владата, Жорди Турул, им рекол на новинарите дека во Каталонија ќе има 2.315 гласачки места, а дека и покрај притисоците на владата во Мадрид, околу 7.200 луѓе ќе бидат вклучени во одржување на референдумот.
##https://twitter.com/carloosalba/status/910507487308197888?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F2916941%2Ffoto-video-katalonija-kao-bure-baruta-traktori-na-ulicama-policija-pleni-glasacke-listice-bacena-bomba-na-stanicu##
Непознато лице фрлило запалива направа на станица на шпанската полиција во Игуалада, на 50 километри од Барселона, откако полицијата во тоа место ги запленила гласачките кутии и ливчиња и најавила дека ќе го спречи одржувањето на референдумот. Владата смета дека референдумот е илегален и ја користи полицијата и судовите за да го спречи.