Британските експерти предупредуваат: Војната помеѓу САД и Северна Кореја е реално возможна

Точка

29/09/2017

15:38

3.255

Големина на фонт

а а а

Британскиот институт за одбрана и безбедност предупредува дека „војната помеѓу Соединетите Американски Држави и Севера Кореја сега е реално возможна“.

„Војната помеѓу Северна Кореја и САД веројатно би резултирала со убивање и повреди на илјадници луѓе. Една таква војна значи дека ќе биде изведена воена инвазија на Северна Кореја при што борбите нема да бидат ниту кратки, ниту прецизни“, стои во извештајот на британскиот институт.

„Во случај на напад на било која од двете земји, Велика Британија би имала максимално неколку часа да одлучи како ќе одговори“, се додава во извештајот на Британскот институт за одбрана и безбедност.

Оваа вознемирувачка анализа ја напишал директорот на институтот, Малколм Калмерс кој што изјави дека војната би можела да биде започната од било која страна, но веројатно било дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да одлучи „да го реши проблемот порано, а не подоцна“.


„Со забрзаниот напредок на севернокорејскиот развој на ракетната и нуклеарна програма, значи дека времето веќе не е на страната на дипломатијата“, пишува директрот на Британскиот инситут за одбрана и безбедност.

Предупредувањата доаѓаат во моментите кога има огромна напнатост помеѓу САД и Северна Кореја, посебно откако севернокорејскиот министер за надворешни работи ги обвини Американците дека на неговата земја ѝ објавиле војна поради зборовите на Трамп дека „режимот на Ким нема уште долго да опстане“.


Белата куќа демантираше дека станува збор за објавување на војна, но Доналд Трамп подоцна изјави дека е подготвен да нареди „разорна воена акција“ против Северна Кореја ако тоа биде потребно.

Пред неколку дена американскиот генерал Роб Гивенс откри дека Пентагон проценува дека доколку избие војна на Корејскиот полуостров, само на територијата на Северна Кореја дневно би гинеле до 20 илјади луѓе и тоа без Северна Кореја воопшто да го употреби своето нуклеарно оружје.