Асистенцијата на Бендтнер за која збори цела Европа

Дерби

29/09/2017

10:26

692

Големина на фонт

а а а

Никлас Бендтнер, 29-годишниот Данец, во редовите на Розенборг, се покажа како еден од најдобрите играчи во вчерашниот натпревар против Вардар од Лига Европа.

Тој постигна гол од пенал, на кого и беше направен и најважно од се, ја направи најатрактивната асистенција до Хеденштад, кој го постигна третиот гол во 68.минута за Розенброг, со што ја потопи надежта на Вардар.

Таа асистенција беше забележана од светските фудбалски медиуми, особено од популарната Шпанска ,,Марка” која му посвети статија на Бендтнер.

Иако Данецот го отпишаа како играч кој по заминувањето од Арсенал и Јувентус, постојано е во пад со формата, успеа да ги демантира овие гласини со оваа прекрасна асистенција.