ВМРО-ДПМНЕ: Заев е неуспешен премиер, а Жерновски најмрзлив градоначалник

Макфакс

28/09/2017

14:54

479

Големина на фонт

а а а

СДС и Жерновски се плашат од народот. Знаат дека се прочитани и дека граѓаните ќе ги казнат за деструктивната политика на претстојните избори и затоа се потпираат на политичките конструкции на СЈО. Жерновски лаже исто како Заев. Жерновски се обидува да му се додворува на својот аболициран шеф Заев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Жерновски.

Според партијата, со бледите изјави кои ги дава Жерновски повторно глуми жртва пред граѓаните. „Времето на лаги и манипулации заврши. Граѓаните на општина Центар четири години го почувствуваа неработењето и неспособноста на Жерновски. Зоран Заев и Андреј Жерновски најдобро функционираат заедно. Нивната заедничка катактеристика е криминалното управување, расипништвото, хаосот и безредието што го создаваат. Заев е неуспешен премиер, а Жерновски најнеспособен и најмрзлив градоначалник“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Зоран Заев и СДС ќе ги тргнат рацете од судството ќе се врати правната држава, а Жерновски ќе одговара за своето криминално и недомаќинско работење за коешто неговите партиски соработници го обвинуваа. „Жерновски и според советниците на СДС стана синоним за корумпираноста во општина Центар. Претседателот на советот на СДС, Мирослав Шиповиќ, го обвини за луксузирање, наместени тендери и безмилосно трошење на парите на центарци за свои лични потреби. Доколку Жерновски беше по посветен на работа колку што е посветен на давање клеветнички изјави и манипулација, тогаш Општина Центар би имала многу повеќе проекти за граѓаните“, се додава во реакцијата.