ВМРО-ДПМНЕ: Заев е синоним за мафија и криминал

Макфакс

28/09/2017

09:08

493

Големина на фонт

а а а

СДС ќе ги изгуби претстојните локални избори и Заев тоа го знае. Аеродромци ја препознаа деструктивноста на СДС. Граѓаните на Аеродром знаат дека Заев лаже кога зборува за образование. Заев лаже кога зборува за подобро образование.

Заев скрати цела 1,5 милијарда денари од буџетот за образование. Заев е синоним за мафија и криминал. Со доаѓањето на СДС на власт криминалниот систем на работа од Струмица е пренесен на територија на целата Македонија, пример за тоа се преземањето на „Герас Цунев“ од Заеви, но и тендерите на Анѓушеви. Заев сака својот криминален начин на работа да го примени во сите општини, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на митингот на СДСМ во Аеродром.

Според опозициската партија, Заев лаже и манипулира со граѓаните на Аеродром. „Заев зборува за криминал, а заборава да им каже на граѓаните како тој од позиција на градоначалник успеа да направи богатство, од, како што самиот вели, 6-7 милиони евра. Заев лаже кога зборува за унапредување на спортот. Заев треба да им каже на граѓаните колку и на кои спортски клубови им има исплатено поддршка тој како градоначалник“, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека гасификацијата за која Заев наголемо зборува е една огромна измама. „Посочувањето на Струмица како успешен пример за гасификација, сигурно мисли на успехот во делењето на милионските тендери со својот партиски другар Митко Андреевски, кои со пари на граѓаните ги наполнија своите приватни сметки. Заев повторно манипулира со младите. Младите видоа дека поминаа 4 месеци, а работа за младите сè уште нема. Младите нема да бидат изманипулирани од Заев. Тој ќе го добие одговорот од младите на 15 октомври“, се додава во реакцијата.