Браво за КК Гостивар и КК Работнички: Се очекува преполна сала за помош на млад човек

Дерби

27/09/2017

12:27

805

Големина на фонт

а а а

КК Гостивар и КК Работнички договорија одигрување пријателски дуел овој петок со почеток во 19 часот со една цел, да му помогнат на младиот Ивица Стрезовски.

Натпреварот ќе се одигра во градската сала „Младост“ во Гостивар, а картата за натпреварот изнесува симболични 50 денари. Апел стигна од два клуба, салата да се исполни до последното место за да се соберат потребните финансиски средства за понатамошно лекување на Ивица, кој боледува од спиноцеребрална атаксија. Токму овие средства, ќе му овозможат понатамошно лекување кое треба да го продолжи во Кина. Исто така, отворени се и телефонските линии на донации од страна на сите оние кои ќе сакаат да помогнат, а нема да може да присуствуваат на овој хуманитарниот натпревар.