Денеска во раните утрински часови експедицијата на Вардар тргна кон норвешкиот град Трондхајм, каде што утре во 19 часот ќе го игра вториот натпревар во Л групата против Розенборг.
„Црвено-црните“ попладне ќе пристигнат во Трондхајм. Во 18:30 часот ќе се одржи официјалната прес-конференција на Вардар, а 30 минути подоцна на стадионот „Леркендал“ ќе го одржат единствениот тренинг.
Вардар во првото коло загуби од Зенит (0:5), а Розенборг беше поразен во Сан Себастијан од Реал Сосеидад (4:0). Во истиот термин во оваа група ќе играат Зенит и Реал Сосиедад.