Покрај лошите авионски конекции и високите цени за директните летови, навивачката група ,,Комити” се упати кон Трондхајм со автобус. Тие ги преварија фудбалерите и тргнаа порано за да стигнат на време поради долгиот пат.
Како што ,,црвено-црните” навивачи милуваат да кажат,,old school” со неколку фрази: со автобус ако треба и до крајот на светот, само за ,,Вардар” или пак “За тебе Вардаре и до Сибир малку е”, доволно зборува колкава е љубовта на навивачите за овој клуб.
Тие истакнуваат дека ова е еден вид ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста, тотално надвор од секој разум и логика, но, сепак малку се 3300 километри за љубовта која ја имаат кон Вардар.
Браво за ,,Комити”. Уште ,,Вардарци” да се вратат во Скопје со поволен успех и со тоа да се заокружи целосно една успешна приказна од гостувањето во Норвешка.