ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата на СДС прогонува недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко

Макфакс

27/09/2017

09:49

458

Големина на фонт

а а а

Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението по повод апсењето на Едмонд Темелко.

„Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг.

Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се занимавале со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштиле на слобода криминалци.

„Заев ги ослободи Агим Красниќи кој беше осуден за тероризам и Бајруш Сејдиу, кој е познат како тобако-бос поради производство на фалсификувани цигари за двајцата да му бидат главен адут за локалните избори. Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС“, наглассуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг