Берлин и Минхен се можеби најпознатите градови во Германија, но доколку се одлучите да патувате во таа земја, следните градови кои ќе ви ги претставиме вредат да се посетат. Во оваа држава која е една од најголемите европски држави постои навистина голем и добар избор за патниците. Во следната фотогалерија ќе ги погледнете дестинациите кои ги одбравме за почетокот на вашата германска авантура.

Овој средновековен град постои од 10 - от век. Ротенбург е преполн со историски згради на кои вреди да им воздивнете. Најчесто посетуван објект е средновековниот дефанзивен ѕид.

Лубек е градот кој е под заштита на УНЕСКО па поради тоа овој историски град е еден од најубавите места во земјата. Реката Трава го прави да биде посебен град со канали, а исто така е познат и по готската архитектура.

Рудесхајм е градот кој е дел од германската федерална држава Хесен. Градот брои околу 10.000 жители. Поради посебниот начин и стил на градењето на градбите, дел од нив се заштитени и од УНЕСКО.

Сместен крај реката Елба, Мејсен е мал историски град во кој доминираат многубројни дворци од 15 - от век. Градот е доста познат и по производството на порцелан.

Хајделбегр изгледа навистина магично. Средновековните и барокни згради се надополнети со рушевините од ренесансни дворци кој го прават градот навистина посебен. Тука се наоѓа и најстариот универзитет во Германија.

Покрај езерото Констанца, градот Линаду датира од 9 -ти век. Се наоѓа во близина на швајцарската и австриската граница, а популарна дестинација е поради и прекрасната природа.

Кохем одушевува со магичната архитектура која потекнува од средниот век па се до 19 - ти век. Дворецот кој е сместен на највисокиот рид, претставува најзначајното и најимпресивното место во градот.