САД: Апсурдно е тврдењето дека сме ѝ објавиле војна на Северна Кореја

Макфакс

26/09/2017

01:14

599

Големина на фонт

а а а

САД не ѝ објавиле војна на Северна Кореја, изјави Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа, дополнувајќи дека таквото тврдење е апсурдно.

Изјавата доаѓа откако претходно денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг-хо, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ѝ објавил војна на неговата држава.

– Светот треба да запомни дека САД први објавија војна – потенцира Ри.

Портпаролката Сандерс одговори и на изјавата на севернокорејскиот министер дека неговата земја го задржува правото да ги урне американските бомбардери, па дури и кога не се наоѓаат во воздушниот простор на Северна Кореја.

– Никогаш не е соодветно за една земја да ги урне авионите на друга земја над меѓународниот воздушен простор – потенцира Сандерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг