ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не се должни да ги плаќаат шарените револуционери

Макфакс

25/09/2017

17:59

668

Големина на фонт

а а а

Многу лаги, ниедна вистина – ова е описот за денешната прес-конференција на министерот за пропаганда на Владата на СДС, Роберт Поповски. СДС е во паника која најдобро се гледа во лицемерството на неговиот пропагандист Роберт Поповски, кој говори за политички притисоци додека Заев и Оливер Спасовски ги злоупотребуваат институциите за политички монтиран прогон и обид да ги заплашат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, работата на Владата во првите четири месеци ја одбележале нула транспарентност и ни малку отчетност.

„Владата на Заев без срам се обиде да скрие од јавноста 10 смртни случаи на новороденчиња во неколку болници. Владата на Заев крајно нетранспарентно и без никакво објаснување за граѓаните ја задолжи Република Македонија над 250 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 177 милиони евра, без граѓаните да знаат на што се потрошени парите што сите ние заедно треба да ги враќаме. Владата на Заев беше крајно нетранспарентна и за време на склучувањето на договорот со Бугарија, во кој Република Македонија и нејзините граѓани се оштетена страна во повеќе точки од него. Единствен проект на Роберт Поповски изминатиов период е удомување на претставниците на таканаречениот граѓански сектор во Владата“, се додава во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните сè уште немаат одговор на која работна позиција се поставени Бубо Каров, Бојаровски, Марјан Забрчанец и други кои досега примаа огромни суми пари од соросовите невладини организации, а сега се плаќаат од парите на граѓаните. „Граѓаните не се должни да ги плаќаат шарените револуционери, кои со месеци го уништуваа државниот имот, а сега се задолжени за медиумска пропаганда на СДС“, се додава во реакцијата.