Забранет влез во САД за граѓаните на Северна Кореја, Венецуела и Чад

Макфакс

25/09/2017

10:45

540

Големина на фонт

а а а

Поради лошите безбедносни услови во Северна Кореја, Венецуела и Чад како и поради недостиг на соработка со американските власти, на граѓаните на тие земји им е збарент влезот во САД, пренесе БибиСи.

Откако Судан беше отстранет од листата, останаа осум земји кои се соочени со целосна или делумна забрана за влез во САД.

Северна Кореја и Чад се соочени со целосна забрана, додека забраната за влез во САД за Венецуела се однесува на владини претставници и нивните семејства.

„Да ја направам Америка безбедна е мојот приоритет број еден. Немa да ги пуштиме во земјата оние кои неможеме безбедно да ги провериме“ напиша на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп.

Останатите земји на листата се Иран, Либија, Сирија, Сомалија и Јемен.