Јавноста со право се прашува како е возможно фирма со 3-ца вработени да направи 70 автобуси. Јавноста со право се прашува како е возможно на вака крајно сомнителна фирма како „Санос“ Зоран Заев да и ветува државна директна субвенција изразена во милиони за извоз за која постои сомнеж дека воопшто се случил, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека за овој случај упорно молчи владата на СДС и самиот Зоран Заев. Молчат затоа што се фатени во матна зделка за која постои основ да биде истражена од надлежните институции и обвинителството.
– Зоран Заев не смее да се однесува со државните пари како да се сопственост на неговиот татко. Тие пари граѓаните ги плаќаат и имаат право да знаат на кои фирми тоа Заев ветува државни субвенции. Граѓаните сакаат да знаат како е можно фирма која функционира во пропаднати хали и која има само 3-ца вработени може да произведе 70 автобуси и за тоа да биде частена од Заев со дополнителни субвенции. Кој има ќар од вакви дотации кои ги најавува Заев, граѓаните, тројцата вработени во „Санос“ или можеби тој лично – праша Стојаноски.
Тој вели дека одговори, но и одговорност за евентуални криминали мора да има.








