Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе нови санкции за Северна Кореја одговарајќи на прашање во текот на состанокот со претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, во Њујорк.
Тензиите меѓу САД и Северна Кореја ескалираа поради ракетната и нуклеарната програма на Пјонгјанг и покрај притисокот од меѓународната заедница.
Кога станува збор за ситуацијата во Авганистан, Трамп неодамна најави дека ќе испрати дополнителни американски трупи.