Сеул одобри 8 милиони долари помош за Северна Кореја

Макфакс

21/09/2017

12:25

563

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја денеска одобри испраќање помош во вредност од осум милиони долари за Северна Кореја, кои ќе бидат префрлени преку агенции на ОН, јави „Јонхап“. Со оваа помош Сеул одлучи да ги заштити бремените жени и малите деца во Северна Кореја, кои се соочуваат со сериозна хуманитарна криза.

Одлуката е донесена и покрај стравувањата дека јужнокорејската помош може да ги осуети меѓународните напори за вршење притисок врз Пјонгјанг, да се откаже од својата нуклеарна програма.

Сеул смета дека помошта за Северна Кореја треба да се гледа одделно од политиката. Извештајот на ОН покажува дека над 70 проценти од Севернокорејците страдаат од недостиг на храна или неисхранетост. Околу 1,3 милион лица, во најголем дел жени и деца, имаат итна потреба од помош. УНИЦЕФ предупреди дека децата под петгодишна возраст во Северна Кореја се изложени на голема опасност поради хронична неисхранетост и неадекватна здравствена заштита.