Северна Кореја: Говорот на Трамп е како кучешко лаење

Макфакс

21/09/2017

09:38

2.083

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо рекол дека обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Обединетите нации (ОН) „звучи како кучешко лаење“, реагирајќи на неговите зборови дека САД ќе бидат присилени целосно да ја уништат Северна Кореја.

„Постои изрека „Кучињата лаат-карванот си врви“, им изјавил Ри на новинарите пред хотелот кој се наоѓа во близина на седиштето на ОН.

„Доколку (Трамп) мислеше дека ќе не изненади со кучеки лавеж, јасно е дека сонува“, дополнил севернокорејскиот министер за надворешни работи.

Запрашан да го каже своето мислење што Трамп го нарекол лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун „ракет мен“, Ри се пошегувал и рекол дека ги жали неговите соработници.

Ри треба во петок да одржи говор пред генералното собрание на ОН. Неговиот коментар е првата официјална реакција по говорот на Трамп во ОН, во кој го испрати досега најсериозното предупредување до Пјонгјанг и побара од земјите членки на ОН заеднички да работат на изолација на режимот на Ким, се додека земјата не престане да се однесува непријателски.

Доколку Северна Кореја им се закани на САД или на најзините сојузници, Трамп рече дека „нема да имаме избор, туку ќе мора целосно да ја уништиме Северна Кореја“, рекол Трамп.