Стевананџија: СДСМ сака на бандитски начин да го прошверцува законот за јазиците

Макфакс

20/09/2017

13:27

695

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, ги праша пратениците од владејачкото мнозинство зошто брзаат со законот за јазиците.

Тој ги обвини пратениците од СДСМ дека сакаат на бандитски начин да го прошверцуваат овој закон.

Според тоа што го зборуваше Стевананџија на собраниската говорница, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму им пречи европското знаменце на предлог-законот за јазиците.

„Ова мало знаменце во десниот агол на предлог-законот за јазиците го срами она големо европско знаме кон кое се стреми државата. Зошто се брзате со овој закон и на бандитски начин сакате да го прошверцувате“, запраша Стевананџија.

Тој обвини дека ставањето на европското знаменце на предлог-законот за јазиците е за да се одбегне дебата и вклучување на јавноста и експертите во одлучување за овој закон.