Бројни српски медиуми денес ја објавуваат фотографијата на која се гледа како српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, на заседанието на Главното собрание на ОН во Њујорк, тајно разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
Белградските таблоиди за таа средба имале разни теории, па Alo.rs дури и тврди дека Трамп, здогледувајќи го Дачиќ, побарал овој да му пријде за да разменат телефонски броеви.
Ова, пишува белградскиот таблоид, ги зачудило соработниците на Трамп, а американскиот претседател им кажал дека Дачиќ е негов стар пријател.
Kurir.rs за оваа средба пишува дека Дачиќ едностано "скокнал" до Трамп, за да дојде до него пред Александар Вучиќ.
За сето ова конечно се огласил и Дачиќ, и открил што разговарал со Трамп. Вели дека му покажал насловна страна од српски весник кога бил избран за претстедател на САД, на која се гледа дека Србите навивале за него.
Трамп, како што вели, позитивно реагирал, и го прашал дали Ана Ивановиќ игра уште тенис.
Потсетуваме, ова не била прва средба на Дачиќ и Трамп. Додека Трамп уште не бил претседател на САД, неговата компанија била заинтересирана за изградба на хотел во Белград, на местото на оштетениот од бомбардирање Генералштаб на ЈНА, па од тогаш воспоставиле контакти.
Дачиќ своевремено открил и еден интимен детаљ кој се случил при нивната средба, откривајќи дека на Трамп му се допаѓа српската тенисерка Ана Ивановиќ.