Матис: Трамп има воени опции против Северна Кореја

Макфакс

19/09/2017

09:47

540

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, изјавил дека администрацијата на американскиот претседател има воени опции против Северна Кореја, кои би го поштеделе главниот град на Јужна Кореја, Сеул, од брутален напад.

Матис меѓутоа не сакал да прецизира за какви „воени опции“ станува збор. „Нема да навлегувам во детали“, рекол Матис.

Џејмс Матис, во понеделникот, рекол дека САД сметале дека нема потреба да ги соборат севернокорејските ракети, кои беа истрелани во правев на Јапонија, предупредувајќи дека во иднина САД ќе одговорат на поинаков начин кога ракетите кои ќе бидат истрелани ќе преставуваат закана по Јапонија или САД.

Тој потврдил и дека со својот јужнокорејски колега разговарал за враќање на американското нуклерано оружје во Јужна Кореја, кое САД го повлекоа на почетокот на 90-те години од минатиот век.