Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе зборува за реформите на Обединетите нации на почетокот на неделата на интензивна дипломатија во Генералното собрание, на која доминираат загриженоста за Северна Кореја, Иран и за Мјанмар.
Обраќањето на Трамп се очекува со интерес со оглед на тоа што пред доаѓањето на претседателската функција за ОН тврдеше дека е клуб што служи за собирање, зборување и за забава на луѓето. Денес тој првпат, еден ден пред да се обрати на Генералното собрание на ОН, ќе ги претстави своите ставови за тоа како да се подобри работата на светската организација.