Поморски вежби на Кина и Русија крај брегот на Северна Кореја

Макфакс

18/09/2017

11:01

465

Големина на фонт

а а а

Кина и Русија почнаа денеска поморски вежби во близина на брегот на Северна Кореја во време кога продолжуваат тензиите поради нуклеарните амбиции на изолираната земја, а во пресрет на Генералното заседание на Обединетите наци, пренесува Ројтерс.

Северна Кореја минатиот петок ланираше ракета која ја прелета Јапонија, што е втора за три недели, а претходно на 3ти септември, изведе шеста и досега најсилна нуклеарна проба, пркосејќи му на меѓународниот притисок.

Заедничките воени вежби се одвиваат меѓу Заливот Петар Велики, во непосредна близина на руското пристаниште Владивосток и недалеку од руско-севернкорејска граница, и јужниот дел од Охотското море во подрачјето северно од брегот на Јапонија, пренесе кинеската агенција Синхуа.

Ова е втор дел од руско-кинеските поморски вежби оваа година, откако во јули беше изведен првиот дел на Балтичкото море.