Интерпелации за министрите Љупчо Николовски за земјоделство и Мила Царовска за труд и социјала денес попладне ќе бидат на дневен ред на првото продолжение на вчерашната седница.
Интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја поднесоа Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Љупчо Димовски, Весна Пемова и Ванковер Манчев.
Предлот за интерпелација пак на Царовска го потпишаа пратениците Владимир Ѓорчев, Благица Ласовска, Димитар Стеванџија, Слаѓана Митовска и Павлинче Честојнова.
Парлементот вчера ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На дневен ред на продолжението на седницата се и предлог-закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди и Артан Груби, предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост поднесен од пратениците : Благица Ласовска, Илија Димовски, Никола Мицевски, Владанка Авировиќ и Владимир Ѓорчев и предлог-закон за дополнување на Законот за водостопанство – I читање, поднесен од пратениците: Љупчо Димовски, Никола Мицевски, Љубен Арнаудов, Павлинче Честојнова, Димитар Стевананџија, Илија Димовски, Слаѓана Митовска, Жаклина Пешевска, Зоран Ѓорѓиевски и Панчо Минов.
Седницата треба да почне во 16 часот.