Sony претстави 4К проектор кој што чини 5 илјади долари

Точка

11/09/2017

18:30

1.100

Големина на фонт

а а а

Компанијата Sony го претстави својот прв проектор од 4К резолуција кој што ќе го продава по цена од 5 илјади долари.

Технологијата SXRD на компанијата Sony нуди одлична резолуција од 4096х2160 пиксели, но досега оваа технологија беше најпозната по својата висока цена. Меѓутоа, тоа сега се промени благодарение на проекторот VPL-VW285ES кој што беше претставен во Сан Диего.

Станува збор за реален 4К HDR проектор за кој што ќе треба да издвоите околу 5 илјади долари.

Тоа секако не изгледа поевтино во однос на конкуренцијата, посебно кога станува збор за проекторот UHD60 на компанијата Otoma кој што се продава по цен од 2 илјади долари, но со оглед на тоа што проекторот на Sony кој што беше претставен минатата година чинеше 15 илјади долари, забележан е голем пад на цената.

Доколку парите не претставуваат проблем, а желбата за кристално чиста слика е голема, тогаш Sony во својта понуда го има и VPL-VW385ES кој што чини околу 8 илјади долари. Како што велат од Sony, овој проектор нуди подобар контраст и детали во темните површини.

Исто така, вреди да се спомене дека 4К компактниот ласерски проектор VPL-VW885ES од 2 илјади лумени чини 25 илјади долари.