Лондон е изложен на ризик од нуклеарната програма на Северна Кореја, предупредува секретарот за одбрана. Мајкл Фалон изјави дека забрзувањето на програмата во трката на Пјонгјанг за изградба на нуклеарни интерконтинентални балистички ракети ќе ја загрози и Британија.
Секоја воена конфронтација меѓу Америка и Северна Кореја мора да се избегне по секоја цена, истакна тој и повика на поголеми дипломатски разговори за зауздување на Ким Конг - Ун.
За Би Би Си, Мајкл изјави дека ова ги засега и нив бидејќи Лондон е поблиску до Северна Кореја отколку Лос Анџелес. На прашањето дали Севeрна Кореја би го погодил Лондон, тој вели: “Уште не, но тие јасно ја забрзуваат нивната ракетна програма. Опсегот станува се подолг и подолг и мораме да ја прекинеме оваа програма, бидејќи опасностите сега се многу големи за погрешна пресметка или некоја несреќа”.
Извори велат дека Британија и Америка се изненадени од брзината на напредокот во нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја. Режимот го тестираше лансирањето на серија помоќни ракети, а претходно овој месец ја активираа својата досега најголема хидрогена бомба.
На почетокот на годината проценето беше дека на Северна Кореја ќе им треба една деценија пред да можат да стартуваат интерконтинентална балистичка ракета со нуклеарни глави, изјавија владини извори. Тоа сега го намалија на само неколку години.