СДСМ: Ѓорѓиевски треба да се помири дека заврши времето на злоупотреби на институциите

Макфакс

09/09/2017

14:49

623

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски треба да се помират со фактот дека времето на злоупотреби на институциите заврши кога тие заминаа во опозиција, реагира СДСМ на обвинувањата на Орце Ѓорѓиевски дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прават стратегија за поткуп на гласачите.

„Очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ширење лажни вести да го подигнат моралот на нивниот лидер Никола Груевски. Лажните вести и манипулации нема да и помогнат на опозициската партија да го избегне извесниот убедлив пораз на локалните избори. Државните институции се професионализирани и ослободени од криминалните стеги на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Претстојните локални избори за прв пат после неколку години ќе бидат целосно фер, слободни, регуларни и ќе ја одразат вистинската изборна волја на гласачите. Секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба или општествена функција“, велат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг