Севернокорејските власти ја нарекоа американската амбасадорка во Обединетите нации „политичка проститутка“ откако таа порача дека Пјонгјанг со своите постапки едноставно ги моли САД за војна.
„Американската администрација ќе мора да ја плати вистинската цена за нејзините зборови. Ники би требало да внимава што зборува“, го пренесе севернокорејската агенција KCNA соопштението на властите од Пјонгјанг.
Хејли пред неколку дена во Советот за безбедност при Обединетите нации упати критики на сметка на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
„Што е многу, многу е. Војната не е нешто што го посакува САД. Но, трпението на нашата земја не е неограничено“, изјави Ники Хејли, додавајќи дека Обединетите нации треба да превземат „најсилни можни мерки“, а не „полумерки“. Американската амбасадорка изјави дека севернокорејскиот лидер „моли за војна“.