Могерини: Ќе поддржиме нови санкции од ОН за Северна Кореја

Макфакс

07/09/2017

23:05

619

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија се договорија да работат на нови санкции кон Северна Кореја.

– Се договоривме да го поддржиме Советот за безбедност на Обединети нации во донесувањето нови мерки во областа на економските санкции против Северна Кореја. Во исто време, ќе работиме на тоа трети земји во целост да ја применат одлуката на СБ на ОН, каква и да е – изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Таа повтори дека санкциите не се цел сами по себе, туку средство за отворање политички дијалог.