СДСМ: Груевски шири лаги, законот за јазици е во согласност со Уставот

Макфакс

07/09/2017

22:24

310

Големина на фонт

а а а

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста со цел да се обидат да создадат нови вештачки поделби. Груевски очигледно останува заробен во сопствените политики на раздор, конфликти и изолација на граѓаните и државата, велат од СДСМ во реакцијата на изјавата на Никола Груевски во врска со законот за јазици.

„Лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот V од Уставот на Република Македонија и истиот ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите“, додаваат од СДСМ во соопштението.

Како што велат, за разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ системски ја унапредува употребата на македонскиот јазик.

„Груевски останува единствен фактор на деструкција и човек кој не нуди решенија туку постојано создава проблеми. Залудни и очајни се неговите обиди преку лажни вести да ги манипулира граѓаните. Залудна и лицемерна е неговата денешна посета на Куманово, град, во кој Груевски од позиција на премиер не вложи ниту еден денар. Напротив, Куманово беше под постојани притисоци и опструкции од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски“, потенцираат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг