„Лажните вести се последната, очајна, деструктивна стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ. Колку ниско падна ВМРО-ДПМНЕ покажува денешниот комичен јавен настап на Спиро Ристовски. Јавно објавена фотографија од дебата во општинска организација не е и не може да биде ниту скандал, ниту криминал“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, „очигледно Спиро Ристовски се збунил, па мисли на времето кога тој и неговиот колега Миле Јанакиески вршеа притисоци врз лица вработени на факултети, нарачуваа ‘пиштење вриштење’, кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога граѓаните се влечеа за уши да гласаат, а институците беа партиски испостави и не работеа за граѓаните“.
„За жал Никола Груевски и Сашо Мијалков се уште ја контролираат партијата којашто нема капацитет да се реформира и само шири лажни вести, сее поделби, омраза. Оттука и кандидирањето на старо новите крадоначалници. ВМРО-ДПМНЕ и Спиро Ристовски нека се помират со вистината дека завршија злоупотребите на институците со нивното заминување во опозиција. Државните институции се реформирани и ослободени од стегите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори ќе бидат фер, слободни и регуларни, а секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба“, се вели во реакцијата.