Доста им е од заканите на Ким: Јужна Кореја развива оружје со кое ќе може да ги разнесе севернокорејските командни бункери

Точка

07/09/2017

09:30

2.048

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја започна со развој на моќните ракети "Frankenmissile" кои што можат да уништат подземни бункери, а сето ова е во рамките на подигањето на воената подготвеност на земјата додека тензиите на Корејскиот полуостров секојдневно растат.

Како што пренесува "Korea Herald", воени извори од Сеул го откриле тој план еден ден подоцна откако јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин и неговиот американски колега Доналд Трамп договориле укинување на наметнатото ограничување од 500 килограми на боевите глави кои што се монтираат на јужнокорејските ракети.

Претседателот Мун му рекол на својот американски колега за време на нивниот телефонски разговор во понеделникот, после детонацијата на хидрогенска бомба во Северна Кореја, дека е пресудно да се пронајдат моќни и практични мерки за Северна Кореја конечно да ги сфати последиците од своите постапки.


Јужна Кореја веќе има можност за лансирање на балистички проектили со домет до 800 километри, а тоа на јужнокорејската армија ѝ овозможува да погоди цели на било кое место на територијата на Северна Кореја.

Но, способноста на јужнокорејските ракети досега беше ограничена со експлозивниот товар кој што беше дозволен да го носат ракетите.


Новите планови на Сеул за развој на ракети способни за носење на бомби од два тони ќе овозможат самостоен напад на големите воени објекти на Северна Кореја, без помош на тешките американски бомби кои што се наменети за уништување на подземни бункери.

Таканаречените "Frankenmissile" ракети се само една од неколкуте нови тактики на Јужна Кореја за јакнење на воената сила, со оглед на тоа што севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун ја забрза програмата за развој на интерконтинентални балистички ракети и развој на нуклеарна бомба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг